Пластифициран лим

 Plastificiran

Пластифицираниот лим е производ за широка намена, достапен е во различни квалитети и широка палета на бои, сјајни и матирани. Овој производ е специјално направен за да ги задоволи барањата на цврстина, флексибилност и издржливост во областа на градежништвото. Составен е од основен материјал челик, па тој е обложен со слој од цинк, па слој за неутрализација и завршно е премачкан со полиестер. Тој е решение за кровови, фасади, олуци, опшивки, снегобрани, ветерлајсни и сл. Исто така поради широкиот опсег на рамни или профилирани лимови им нудат на архитектите голема можност за комбинации со користењето на малото ребро со висина на ребро од 1,8 сантиметри, добиваме производ кој што има издржливост на помали кровни конструкции. Додека големото ребро,кое е двојно појачано во форма на двоен трапез, со висина од 3,5 сантиметри добиваме производ кој што има поголема носивост и е наменет за поголеми кровни конструкции.

Во нашата производствена програма посебен место се одвојува за Пластифицираниот Лим.

  • Дебелина на Лимот 0,35 - 0,80 mm
  • Ширина на лимот  1000 - 1250 mm
  • Стандарт   EN 10142 / 10143, ЗN 140 - 160  g/m² ISO 9001
  • Тежина на Котури : од 100kg  до 5000kg
  • Внатрешен дијаметар на котурите: CID 508 mm
  • Антикорозивно пакување

Од овој матријал се изработуваат најголем дел од нашите производи. Исто така, овој материјал се го употребуваме во сегментот трговија. Рима Стил во секое време располага со залиха од минимум 200 тона од овој материјал.

Секако, во контекст на задоволуање на различните желби на нашите клиенти, располагаме со пластифициран лим во поширок спектар на бои (RAL):

plastificiranlim1

Гаранција за пластифицирани лимови

Арчелор Миттал Скопје во континуитет го подобрува процесот на припрема и обложување на лимот. Бидејќи гаранцијата за продуктите сè повеќе и повеќе е предуслов за да се задоволи вистинскиот купувач, ние за нашите производи од Арчелор Митал добиваме соодветен атест кој го потврдува квалитетот на секој котур од материјалот.

ProfiliranjeZaliha2

http://arcelormittal.com.mk/content/3-products/4-guarantee/guaranteev2.pdf