Ладно валан лим

 

LAdnovalan

Ладноваланите лимови се користат за изработка на апарати за домакинство, буриња, разни делови, мали профили, ќумбиња, скари, вршници и други примени со што гарантираат сила, цврстина и еластичност.

Ладновалните лимови во табли се со дебелини од 0,35mm дo 2,5mm. Истите се со стандардна димензија на таблите 1000 x 2000mm и 1250 x 2500mm, и доколку е потребно располагаме и со поголема должина пакувани во палети. Исто така располагаме и со лимови во котури.